Хроника ОВР  Кичево

Таткото монструм е спроведен во битолскиот затвор: Ќе одговара за убиство на малата ќерка

Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.  

Таткото монструм е спроведен во битолскиот затвор: Ќе одговара за убиство на малата ќерка

ОВР  Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.( 30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала.

Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.

To top