Хроника извршен увид

Швајцарец тешко повреден, паднал од мотор во Битола

Швајцарец тешко повреден, паднал од мотор во Битола

На 18.11.2023 во 10.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, А.Ј.(24) од Швајцарија, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.

Во несреќата А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

To top