Хроника Пукал, но не погодил

Приведен млад штипјанец: Пукал кон сограѓанин, а еве што најде полицијата во неговиот дом

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Приведен млад штипјанец: Пукал кон сограѓанин, а еве што најде полицијата во неговиот дом

На 19.11.2023 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Х.(21) од Штип.

Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол  пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил.

Од него биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм.

Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top