Хроника следува содветна пријава

Приведен малолетник од кочанско: Со пиштол се заканувал на друг малолетник, поради девојка!

Малолетник од кочанското село Тркање заврши зад решетки, откако со пиштол заради девојка му се заканувал на друг малолетник.

„На 19.03.2026 во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото. Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско. Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол“ калибар 9 мм и рамка со еден куршум. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

To top