Хроника уапсениот бил баран со потерница

Приведен криминалец за затворска казна од три ипол години

Денеска (19.12.2023) во 12.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода А.Ј. (28) од Скопје.

Приведен криминалец за затворска казна од три ипол години

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

To top