Хроника Лицето ќе биде спроведено во затвор

Приведен криминалец од радовишко, осуден на казна затвор од осум години и два месеци

Денеска (28.02.2024) во 06.00 во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.П.(37) од село Дамјан.

Приведен криминалец од радовишко, осуден на казна затвор од осум години и два месеци

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата. А.П. бил осуден на казна затвор од осум години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 10 месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

To top