Хроника СВР Штип

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени две тешки кражби

По целосно документирање на случаите, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени две тешки кражби

На 20.03.2024 во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип го лишиле од слобода В.Б.(41) од Свети Николе. Тој се сомничи дека на 19.03.2024 во продажен објект во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, додека на 20.03.2024 извршил кривично дело „тешка кражба“ од куќа во Свети Николе, од каде одзел повеќе предмети.

Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените.

По целосно документирање на случаите, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top