Хроника Езерски лозја

Од Австрија се вратиле во Струга, па полицијата ги фати со марихуана

Сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Од Австрија се вратиле во Струга, па полицијата ги фати со марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.С.(23) и О.Ц.(24), двајцата од Струга со место на живеење во Австрија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 18.07.2023 во населба Езерски лозја, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило,  кое го управувал С.С., а сопатник бил О.Ц., при што кај првопријавениот бил пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

To top