Хроника Измама и фалсификување на исправа

Маж од Тетово продал автомобил баран од Интерпол Шведска

Второпријавениот направил фалсификувана исправа, која ја употребил при плаќање на царинските обврски кон државата.

Маж од Тетово продал автомобил баран од Интерпол Шведска

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

На 23.07.2023, првопријавениот А.Н. со лажно прикажување на факти го измамил второпријавениот А.К. и за сума од 1.104.000 денари му продал патничко возило, кое било барано од Интерпол Стокхолм – Шведска.

Потоа, второпријавениот направил фалсификувана исправа, која ја употребил при плаќање на царинските обврски кон државата.

To top