Хроника трагедија

Маж изгоре во пожар во гаража, сопругата пренесена во болница

Маж изгоре во пожар во гаража, сопругата пренесена во болница

На 28.12.2023 околу 06.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Стрежево“ во населба Горно Оризари настанал пожар во гаража од куќа, сопственост на Б.Ц.(75) од Битола.

-Во пожарот, од здобиените повреди починал сопственикот Б.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, додека неговата сопруга М.Ц. била пренесена во Општа болница Битола каде било констатирано труење со јаглерод моноксид, информира МВР.

Увид на местoо извршиле екипа на СВР Битола и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

To top