Хроника Несреќа

Малолетник со мопед удрил во бетонски столб, тешко е повреден

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Малолетник со мопед удрил во бетонски столб, тешко е повреден

На 29.03.2024 во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Теодосиј Гологанов“ во Скопје малолетник од Скопје кој управувал мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и удрил во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top