Хроника „Билд“

Македонски државјанин претепан до смрт со пивско шише во Есен, Германија

Инцидентот, како што пренесува „Билд“ се случил во центарот на градот, каде по претходна расправија двајцата Еритрејци го нападнале и тепале со пивско шише, додека тој не колабирал, по што заминале кон централната железничка станица.

Македонски државјанин претепан до смрт со пивско шише во Есен, Германија

Македонски државјанин (32) во саботата околу 2 часот по полноќ бил претепан до смрт по претходна расправија со двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години, во Есен, Германија, јави германскиот весник „Билд“.

Инцидентот, како што пренесува „Билд“ се случил во центарот на градот, каде по претходна расправија двајцата Еритрејци го нападнале и тепале со пивско шише, додека тој не колабирал, по што заминале кон централната железничка станица.

Македонскиот државјанин, кој веќе бил во несвест, го пронашол случаен минувач, кој се обидел да му даде прва помош. Тој бил однесен во болница, но по кратко време починал од сериозноста на повредите, рече портпаролот на полицијата, јави германски „Билд“.

Поради добриот опис на сведокот, полицијата го уапсила едниот од осомничените (25) на станицата во Есен, а другиот (29) во станицата во Милхајм.

Обдукцијата на телото покажала дека причината за смртта е повреда од тап предмет.

Случајот го испитува Јавното обвинителство во Есен, но засега е нејасно која е причината за расправијата меѓу тројцата мажи.

To top