Хроника Измама

Лажел дека му требаат пари за лекување и верски обичаи, па измамил маж од Косово – еве колку пари земал

Со тоа обезбедил имотна корист од над 8.000 евра. 

Лажел дека му требаат пари за лекување и верски обичаи, па измамил маж од Косово – еве колку пари земал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(35) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во период од ноември 2022 година до 16.06.2023, преку социјални мрежи во повеќе наврати и со изговори дека му се потребни парични средства за здравствени потреби, како и за верски обичаи, преку агенции за брз трансфер на пари, од Е.Ќ. од Косово се снабдувал со пари.

Со тоа обезбедил имотна корист од над 8.000 евра.

To top