Хроника Злоупотреба

Ја измамил општина Делчево дека ќе заловува кучиња скитници за 6.000 евра

Тој се стекнал со противправна имотна корист од 350.869 денари на штета на Општина Делчево.

Ја измамил општина Делчево дека ќе заловува кучиња скитници за 6.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(62) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“.

Пријавениот, во својство на основач и управител на правно лице, во периодот од мај 2021 до мај 2023, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој начин што по претходно спроведени јавни набавки и склучени два договора со општина Делчево за шинтерски услуги, за фаќање и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево за период од една година, изготвил 11 фактури со невистинита содржина во кои впишал невистинити податоци за услуги кои не ги извршил, а ги доставил за наплата.

Притоа, тој се стекнал со противправна имотна корист од 350.869 денари на штета на Општина Делчево.

To top