Хроника Еден скопјанец, двајца велешани и еден прилепчанец

Четири лица вчера искасани од кучиња скитници

На 26.12.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник.

Четири лица вчера искасани од кучиња скитници

Исто така вчера во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(21) и Т.М.(21), двајцата од Велес, пријавиле дека на бул.„АВНОЈ“ биле каснати од куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден и во ОВР Прилеп, П.Ц.(46) од Прилеп пријавил дека на ул.„Димче Ацев“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Теми на денот

To top