Хроника МВР

Двајца скопјани и еден велешанец искасани од кучиња скитници

Двајца скопјани и еден велешанец, во посебни случаи, вчера биле каснати од кучиња скитници.

Двајца скопјани и еден велешанец искасани од кучиња скитници

На 10.04.2024 во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Х.Р.(22) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.04.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 10.04.2024 во 16.15 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.(27) од Велес пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

To top