Хроника МВР

343 санкции за брзо возење

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 169 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 174 надвор од населено место.

343 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 343 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 169 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 174 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.

To top