Економија Кредит рејтинг агенција

ФИЧ: Економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година, помалку од очекуваниот, а буџетскиот дефицит е 4,9% од БДП, над планираниот

Во соопштението на Фич, буџетскиот дефицит во 2023 година е 4,9% од БДП, што е далеку од планираниот 4,6%, и далеку како што во континуитет алармиравме од 3% од БДП, што е пропишано во Закон.

ФИЧ: Економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година, помалку од очекуваниот, а буџетскиот дефицит е 4,9% од БДП, над планираниот

Наспроти криењето на владата на СДСМ и ДУИ вистина ја објави Фич. Кредит рејтинг агенцијата потврди дека економскиот раст во 2023 година е само 1%, пониско од очекувањата на сите меѓународни институции, на Владата и на НБРМ. И покрај кажувања од домашните власти, а со тоа пренесено во соопштението од Фич, за технички прашања околу пресметката на БДП, растот и со наредните ревизии ќе биде низок и недоволен да ја скрие расипничката политика на владата во заминување, анализира порталот Pari.com.mk.

Како една од главните причини за нискиот економски раст, Фич потврдува дека е побавниот почеток на проектот 8/10д од очекуваното и лошите земјоделски перформанси.

Фич со ова потврдува дека Коридор 8/10д е во застој. Ова отвара прашање: за што се потрошија 236 милиони евра од буџетот кои беа префрлени за проектот? Фич исто констатира дека нема зголемено производство на храна, наспроти тврдењата на владата дека го помагаат системски земјоделството и тоа со многу пари. И тука, нема раст на производство, ама се даваат пари?

Во соопштението на Фич, буџетскиот дефицит во 2023 година е 4,9% од БДП, што е далеку од планираниот 4,6%, и далеку како што во континуитет алармиравме од 3% од БДП, што е пропишано во Закон. Главен фискален ризик според Фич е изградбата на Коридорот 8/10д, којшто се оценува дека ќе зема 2% од БДП годишно во наредните пет години. Овој проект е главниот фискален ризик поради потенцијалните пречекорувања на трошоците и недостатокот на конечна проценка на трошоците за проектот. Потврдено дека нема конечна проценка – за она што алармиравме!

Без многу помпа и фалење на носителите на политиките, Фич едноставно заклучува дека инфлацијата падна на 3% во февруари, од врвот од 19,8% во октомври 2022 година, како одраз на базните ефекти (односно високата споредбена основа), построгата монетарна политика и од неодамна привременото замрзнување на некои цени, кое е укинато и ќе се пренесе во повисоки бројки за инфлацијата во март. Фич заклучува дека базичната инфлација исто се намалила, како и инфлациските очекувања. Но, не заклучува дека базичната инфлација од 4,7% во февруари е повисока од вкупната инфлација (од 3%) што значи и не така смирени инфлациски очекувања.

Фич очекува намалување на каматната стапка на ЕЦБ (во јуни) за да започне циклусот на монетарно олеснување во Македонија. Со ова Фич како да потврдува дека централната банка не ја води монетарната политика од сопствени видувања за влијанието на домашните фактори за инфлацијата, туку чека ЕЦБ да реагира па она да следи. Впрочем така и беше на почетокот на појава на инфлацијата. Закаснета реакција од НБРМ на силни домашни притисоци (чекајќи ја ЕЦБ да затега) доведе до двојно повисока домашна инфлација од еврозоната. Во Европа сме на 9-то место по поскапување на животот во последните две години. И не баш така успешна монетарна и владина политика нели? И сега.

-Фич, а не централната банка и Владата, укажува дека „брзиот раст на платите, кои се зголемени за 16,5% во јануари, е зголемен ризик за инфлацијата особено во случај на постизборно прилагодување на платите во јавниот сектор, но профитните маржи беа изградени во последниве години, што обезбедува простор“. Е тука има малку недоразбирање и Фич – кои профитни маржи? Се мисли на приватниот сектор дека има простор за апсорпција на растот на трошоците на плати заради раст на профитите. Тоа фирмите си го знаат и баш не викаат така. А што е со „профитот“ на државата? Кој е просторот во буџетот? Само во периодот од 1.01-4.04.2024 година буџетскиот дефицит изнесува 390.000.000 евра или 72% од она што се планира за цела 2024 година! За што ги потроши парите оваа влада за речиси цела година ако не ги зголеми платите во образование, во здравство? КАДЕ отидоа парите? – анализира овој портал.

За камати на долг кој го направи истата оваа влада за само три месеци од 2024 година плативме сите ние 115.000.000 евра. И за ова предупредував. Најлошо водење на фискална политика од осамостојувањето наваму. Најлоша влада на економски план. Нѐ задолжи и упропасти за генерации и генерации.

Извор:  pari.com.mk

To top