Вести ОСТАТОЦИ ОД „РАСПУПЕНОТО“ СУДСТВО И ОБВИНИТЕЛСТВО

Чуму ЈО цели 35 дена не го вика Жан Митрев да ДАДЕ ИСКАЗ во истрагата за РЕКЕТОТ на ЗАЕВ и ФИЛИПЧЕ?

Додека ЈО молчи, заев како муртински Нострадамус претскажува пресуди на струмичкиот суд. Со тишината, ЈО му дава ветер во сдра, случајно или не. Поверојатно, второто.

Останува уште „гласот“ дека по 35 дена од отворањето, ЈО треба да ја продолжат отворената истрага за посочениот рекет на Заев и Филипче. Што треба да се случи овој глас да „допре“ до ЈО, кое над еден месец го нема повикано човекот од кого допре истиот тој глас. Да им помогнеме, се вика Жан Митрев.

Инаку, довербата од мизерни 2% најверојатно ќе падне на минус 10 насто, ако веќе и не е падната подолу…

Чуму ЈО цели 35 дена не го вика Жан Митрев да ДАДЕ ИСКАЗ во истрагата за РЕКЕТОТ на ЗАЕВ и ФИЛИПЧЕ?

На заминување, на 21 јануари 2026-та година Гаврил Бубевски како шеф на Скопското јавно обвинитлество отвора истрага по допрен глас за исказот на Жан Митрев даден во емисија на ТВ Алфа  – дека кога биле на власт, Зоран Заев и Венко Филипче вршеле притисок врз него да им ја продаде болницата.

Овој обид за преземање, „сосема случајно“ се одвива во екот на судската хајка против познатиот кардиохирург, обвинет за наводни измами на пациенти при лекување во корона-кризата.

Ова во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на директно го потврди д-р Митрев. Следува клучниот дијалог:

-Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?

-Жан Митрев: Да, да.

-Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?

-Жан Митрев: Да.

-Богдан Илиевски. Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?

-Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…

Во продолжение на разговорот, д-р Митрев објаснува дека на заинтересираните за преземање удели во болницата им објаснил дека освен што биле замрзнати неговата лична сметка и сметката на болницата, Обвинителството ставило забрана и за продажба на удели.

После една недела се случило „чудо“: сметките останале замрзнати, но забраната за продавање удели била симната.

„Гласот“ по 10-на дена „допре“ до ЈО. И оттогаш молк.

Не молчеше само Заев кој кога виде дека ЈО го нема никаде (можеби и не така случајно?)  самобендисано се закани со патетична закана за клевета од 500.000 денари од Жан Митрев, кои „филантропот“ ќе ги дал за деца со посебни потреби. По стара навика изарзи и силна убеденост дека струмичкиот суд ќе досуди во негова корист. Проблемот е што никој не знае каде е тужителот, кој преку ФБ го сподели истото. Најверојатно, во Дубаи, каде случајно немаме договор за екстрадиција?

„НЕ ПОСТОИ НИКАКВА ДИЛЕМА дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, пиша и претскажа како Баба Ванѓа од Дубаи „пророкот“ Заев, дали истиот повторно по навика од периодот кога беше премиер прејудицирајќи финален резултат на судски процеси?

Лоша „традиција“ која му останала на екс премиерот кој зборуваше за „распупено судство“ и кој самиот тврди дека е црпнат од нива. Најверојатно од атарот на Муртино.

Дали ова е порака „во шише“ и ФБ обланда до струмичките судии, кои ќе решаваат за судбината на Петрушевски и Митрев? Не ли е ова неусптилен притисок врз судството од човекот кој „пали и гаси“ по Струмичко?

Историјата вели дека Заев како премиер беше исто така честопати  „убеден“ и ѓоамити муртински Нострадамус претскажуваше епилози на судски процеси. Тврдеше дека епилогот на судскиот процес за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности ќе испрател порака дека никој нема право да ги крши изборните процеси, истото го твдрше и за „Тенк“ и друзина други СЈО лудории на Т..

На потребата од реакција и процесуирање на  рекетот кој е отворен како истрага пред цели 35-36 дена синоќа потсети и премиерот Мицкокси, кој го лоцираше вистинскиот проблем, надвор од дефокусот и маглата која ја шири Заев со мизерни граѓански тужби.

Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој од Обвинителството го повикал Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Ако досега тоа некој не го направил да го повика Жан, бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена од високи државни функционери – кажа премиерот Мицкоски во гостување во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител што ќе биде избран, луѓето да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителството.

Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон икс лице или кон ипсилон лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но, очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, непријателски преземања бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата – потенцираше Мицкоски.

Тоа е суштината, дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази, повтори премиерот.

Така најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така – рече Мицкоски.

Останува уште „гласот“ дека треба да ја продолжат отворената истрага за посочениот рекет на Заев и Филипче да „допре“ до ЈО, кое 35-36 дена го нема повикано човекот од кого, верувале или не, допре истиот тој глас. Да им помогнеме, се вика Жан Митрев.

Инаку, довербата од мизерни 2% најверојатно ќе падне на минус 10 насто, ако веќе и не е падната подолу…

 

 

Најнови вести од Вести

Теми на денот

To top