сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето во средишниот дел на Чиле, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави, додавајќи дека нема опасност од цунами.

Потресот е регистриран во 07:19 часот по локално време, околу 120 километри југозападно од градот Кокимба, на длабочина од 76 километри.

Чилеанската морнарица соопшти дека нема опасност од цунами.

Засега нема податоци за причинета материјална штета, соопшти на Твитер чилеанската Служба а вонредни ситуации.

Коронавирус