Ракомет ракомет

Вујовиќ се враќа во хрватскиот ракомет

Некогашниот предводник на ракометарите на Вардар и на македонската репрезентација, Веселин Вујовиќ ќе биде нов тренер на хрватскиот вицешампион Нексе, како замена за Бранко Тамше.

Вујовиќ (63) ги договорил сите услови со водечките луѓе на Нексе и во наредните неколку дена и официјално ќе го преземе клубот од Нашице, кој има за цел да ја прекине доминацијата на Загреб.

Вујовиќ кој последен пат беше во хрватскиот ракомет во 2020 година, во два наврата го предводеше ​​Загреб. Негова последна селекторска работа беше во Иран, со кого лани првпат во историјата настапи на Светското првенство (СП).

Покрај работата во Македонија, во Загреб и во Иран, Вујовиќ беше селектор на Словенија, Србија и на Црна Гора.

To top