Ракомет

Вардар шокиран од Тиквеш, Алкалоид лесно се справи со Струга

Вардар шокиран од Тиквеш, Алкалоид лесно се справи со Струга

Три натпревари од третото коло во плејофот на македонската ракометната Суперлига се одиграа.

Максимална трета победа досега ја забележа Алкалоид додека Тиквеш беше поуспешен на домашен терен од Вардар, а пак Тинекс Пролет го доби скопското дерби со Бутел.

Резултати:

Струга – Алкалоид 22:32
Тинекс Пролет – Бутел 20:18
Тиквеш – Вардар 22:20.

Денес  играат Еурофарм Пелистер и Охрид.

Табела: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 8, Охрид 8, Тиквеш 7, Вардар 6, Тинекс Пролет 3, Бутел 1, Струга 0.

To top