Ракомет билети нема

РФМ: Продадени се сите билети за натпреварите на македонската репрезентација на ЕП

РФМ: Продадени се сите билети за натпреварите на македонската репрезентација на ЕП

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека сите билети за натпреварите на македонската репрезентација се веќе распродадени.

Во соопштението РФМ истакна дека согласно регулативата на Европската ракометна федерација, правата за продажба на билети се во надлежност на домаќинот што во овој случај се Ракометната федерација на Германија и нивниот организациски комитет.

– Европската ракометна федерација уште во мај објави дека половина од билетите во продажба се веќе распродадени, а особен интерес и побарувачка за билети имаше во групата А каде настапува и македонската сениорска репрезентација заедно со домаќинот Германија. Организаторите во септември ги пуштија во продажба и последните слободни 10.000 билети, кои во екстремен брз временски рок беа распродадени, информираше РФМ.

Европското првенство во Германија ќе се одржи од 10 до 28 јануари идната година, а македонската репрезентација е во групата А со домаќинот, Франција и Швајцарија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров од вчера се во Србија каде во Стара Пазова ги почнаа завршните подготовки за настапот на Европското првенство

To top