Ракомет ракомет

Почнува главната рунда на Европското првенство во Германија

Синоќа беше комплетирана групната фаза на ракометното Европско првенство кое се одржува во Германија, а веќе денеска започнува главната рунда.

Нема пауза на континенталниот собир, вчера заврши првата фаза, а денеска почнува втората, главна рунда од европскиот шампионат.

Формирани се две групи, во првата се Унгарија, Франција, Австрија, Хрватска, Германија и Исланд, а во втората Данска, Шведска, Словенија, Холандија, Норвешка и Португалија.

Во првата група со по два бода влегоа Унгарија и Франција, а поради меѓусебното реми по еден пренесоа Австрија и Хрватска. Во втората група со по два бода се Данска, Шведска и Словенија.

Денеска на програмата се три натпревари, од 15:30 е дуелот меѓу Норвешка и Португалија, од 18 часот следува пресметката на Данска со Холандија, а во вечерниот термин од 20:30 часот е мечот меѓу Словенија и Шведска.

To top