Ракомет ракомет

Јагуриновски: Покажавме карактер, ќе работиме напорно за да бидеме уште подобри во иднина

Македонија ја доби битката со Швајцарија и на добар начин го заокружи настапот на европскиот шампионат во Германија.

Националниот тим се прикажа во сосема поинакво светло во дуелот со Швајцарците, имаше доста позитивни работи и со тоа се отвори патот до победата со која го освоивме третото место во групата, резултат кој треба да ни донесе полесен ривал во баражот за Светското првенство во 2025 година.

-Ова беше тежок натпревар во кој игравме добро и лошо, но покажавме карактер дека можеме да издржиме 60 минути со вака добар противник и на крајот да победиме. Огромната желба за победа беше клучна на мечот против Швајцарија, сите сакавме да триумфираме.

-Македонија имаше успешен настап на ЕП. Мора да разбереме дека игравме со едни од најдобрите репрезентации во светот, но оваа победа ја заслуживме. Ќе работиме напорно за да бидеме уште подобри во иднина. Се надеваме дека овој меч ќе биде пресвртница за подобри резултати во иднина, –истакна бекот Томислав Јагуриновски.

To top