Останати спортови

Стефанос Циципас стигна до третата титула во Монте Карло

Стефанос Циципас стигна до третата титула во Монте Карло

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас славеше во финалето против Каспер Руд со 2:0 во сетови.

Циципас доминираше и му дозволи на противникот вкупно само пет гема. Во првиот сет Руд освои само еден гем (6:1), додека вториот беше нешто понеизвесен и заврши 6:4.

За Циципас ова е трета титула во Монте Карло откако претходно триумфираше тука во 2021 и 2022 година. Денешниот триумф за Циципас значи и враќање во топ 10 на АТП листата.

 

 

To top