Останати спортови тенис

Надал: Сè уште не можам да потврдам дека ќе играм во Барселона

Турнирот во каталонската престолнина ќе се одржи од 15 до 21 април.

Надал: Сè уште не можам да потврдам дека ќе играм во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сè уште не одлучил дали ќе игра на турнирот во Барселона.

– Поздрав од Барселона. Прв тренинг… Среќен сум што сум тука во деновите пред почетокот на турнирот. Дојдов да видам како ќе оди се… И сакам да се обидам да играм. Ќе ве информирам. Важно е да кажам дека уште не можам да потврдам дека ќе играм, но се надевам дека ќе настапам. Ајде да видиме – напиша 12-кратниот шампион на турнирот.

Турнирот во каталонската престолнина ќе се одржи од 15 до 21 април.

Претходно, Надал се повлече од Мастерсот во Монте Карло поради проблеми со грбот.

To top