Останати спортови Португалецот е без ангажман од оваа година

Мурињо планира уште долго да биде тренер

„Ќе ја завршам кариерата помеѓу 2035 и 2040 година. Дотогаш ќе продолжам да победувам. Мојата историја е веќе напишана, така што никој не може да ја избрише“, изјави Мурињо (61) за португалскиот весник „А Бола“.

Мурињо планира уште долго да биде тренер

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо (61) најави денеска дека планира уште долго да биде тренер.

Португалецот е без ангажман од оваа година кога ја напушти Рома.

„Ќе ја завршам кариерата помеѓу 2035 и 2040 година. Дотогаш ќе продолжам да победувам. Мојата историја е веќе напишана, така што никој не може да ја избрише“, изјави Мурињо (61) за португалскиот весник „А Бола“.

Тренерската кариера на Португалецот почна во 2000 година, кога ја презеде Бенфика.

Мурињо беше на чело и на Униао Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

To top