Останати спортови

Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари

Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари

Формула 1 тимот Ферари го продолжи договорот со Шарл Леклер. Возачот од Монте Карло имаше договор до завршувањето на оваа 2024 година, но италијанскиот тим реши да го задржи на подолго. Засега не е објавено до кога ќе трае соработката помеѓу Ферари и Леклер.

Последната шампионска титула на Ферари во Формула 1 шампионатот е во 2007 година кога славеше Кими Раиконен, па тимот од Маранело се надева дека Леклер конечно ќе го скрши проклетството.

Шпекулациите велат дека новиот договор на пилотот е до крајот на 2029 година. Од сегашната плата од 25 милиони евра, што ќе ја земе за 2024 година, до истекот на новиот договор истата ќе порасне до фантастични 50 милиони евра годишно.

To top