Останати спортови

Кобајаши победи во Трондхајм

Кобајаши победи во Трондхајм

Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши победи на денешните скокови од Светскиот куп во Трондхајм, Норвешка на 105-метарската скокалницата оставајќи го зад себе второпласираниот Словенецот Петер Превц.

Кобајаши во двете серии изведе подолги скокови, а оние 106 метри од првата серија беа и најдолгите на денешната серија во Трондхајм. Превц во првата серија скокна 102,5 метри.

Во втората серија, во крајно неповолни услови поради силниот ветер, Словенецот скокна на 97,5 метри и успеа да го претекне тогаш водечкиот Австриец, Јан Херл.

На залетиштето остана само Кобајаши кој во поповолни услови скокна на 99 метри и заедно со судиските оценки успеа да го спречи Превц да дојде до победата.

Оваа победа на Јапонецот дополнително ја намали разликата во трката за Големиот кристален глобус со водечкиот Австриец Штефан Крафт, кој заврши на петтото место во Трондхајм.

На пет натпревари пред крајот на сезоната, Крафт има 1.783 бодови, а Кобајаши 1.562.

To top