Останати спортови

Штефан Крафт е светски шампион во скијачки летови

Штефан Крафт е светски шампион во скијачки летови

Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт е новиот светски шампион во скијачки летови.

Во петокот се одржаа две серии поединечни натпреварувања, а иако се требаше да се заокружи со две саботни серии, беше направена само една поради проблемите со ветерот.

По две серии во петокот, Словенецот Тими Зајц водеше пред Крафт, но Зајц не успеа да ја зачува предноста при третиот настап. Уште повеќе, Зајц на крајот заврши на третото место и мораше да се задоволи со бронзата по летот од 209,5 метри оваа сабота.

To top