Останати спортови

Ивановски до Ѓоковиќ: Ти благодарам за овие десет незаборавни дена

Ивановски до Ѓоковиќ: Ти благодарам за овие десет незаборавни дена

Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски во подготовките за новата сезона имаше можност да работи со првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Ивановски мина десеттина дена со српскиот ас во Дубаи (Обединети Арапски Емирати), период во кој имаше можност да учи од најдобрите, да собере искуство кое сигурно ќе му биде значајно како за во 2024 година така и за во иднина.

-Сакам да му се заблагодарам на Ѓоковиќ и неговиот тим за овие десет неверојатни дена. Беше задоволство повторно да го делам теренот со тебе, -напиша Калин на социјалните мрежи каде објави неколку видеа на кое на едно од нив имаше и потег по кој Ноле беше принуден да прави склекови.

To top