Останати спортови

Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот

Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот

Репрезентацијата на Италија ќе ја предизвика Австралија во големото финале на Дејвид Купот, поточно на завршниот турнир што се игра во Малага.

Италијанците успеаа да ја добијат битката со Србите со 2-1 и на тој начин да дојдат до првото финале во ова натпреварување уште од 1998 година.

Миомир Кецмановиќ го донесе првиот бод на репрезентацијата на Србија по што многумина очекуваа Новак Ѓоковиќ да го реши Јаник Синер и ги одведе во борбата за пехарот.

Ѓоковиќ имаше идеална можност за тоа, три меч топки, меѓутоа противникот се врати, го совлада и ја одведе оваа пресметка во трета рунда, натпреварот во двојки.

To top