Останати спортови

Франческо Бањаја ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот

Франческо Бањаја ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот

Италијанскиот возач Франческо Бањаја е старо-нов шампион во МотоГП категоријата, познато е по последната трка која се возеше за ГН на Валенсија во Шпанија.

Возачот на Дукати заврши на лидерската позиција пред уште двајца возачи кои беа на Дукати мотори, тоа се Фабио Ди Џанантонио и Јоан Зарко. Четвртото место му припадна на Бред Бајндер, па следат Раул Фернандез, Алекс Маркез, Франко Морбидели…

Главниот предизвикувач на Бањаја, Хорхе Мартин, излета од патеката за време на трката и веќе немаше дилеми дека МотоГП ќе има старо-нов шампион.

Во генералниот пласман Бањаја заврши со 467 бода, пред Хорхе Мартин со 428, додека третото место му припадна на Марко Бецеки со 329 бода.

To top