Останати спортови

Франческо Бањаја славеше на трката во Катар

Франческо Бањаја славеше на трката во Катар

Италијанскиот возач на „Дукати“, Франческо Бањаја победи на првата трка од Мото ГП шампионатотГолемата награда на Катар.

Двократниот последователен светски шампион беше во водство од првиот до последниот круг и со сигурно возење стигна до победата со вкупно време од 39:34.869 минути.

Втор беше Бред Бајндер од тимот на „КТМ“ со заостанување од 1.329 секунди, а трет Хорхе Мартин од „Дукати Прамак“ со 1.933 секунди.

Четврти беше Шпанецот Марк Маркез, а петти Италијанецот Енеа Бастианини.

Следната трка е закажана за две недели во Португалија.

To top