Кошарка ново име во италијанскиот евролигаш

Виртус Болоња доби ново засилување

Виртус Болоња доби ново засилување

Италијанскиот евролигаш Виртус Болоња официјално објави дека доведе уште едно засилување за својот ростер.

Се работи за Летонецот Рихардс Ломажс, кој пристигнува од редовите на турскиот Меркезефенди Денизли.

Плејмејкерот претходно настапуваше уште за Вентспилс, Асвел, Гетинген, Олденбург и Сарагоса, а ова за него ќе биде прв предизвик во Италија.

Оваа сезона се прикажа во одлично светло и во турскиот шампионат беше еден од подобрите поединци со просечен учинок од 15,7 поени по натпревар.

To top