Кошарка Шпанецот стави крај во НБА лигата

Рики Рубио ја заврши својата НБА кариера

Рики Рубио ја заврши својата НБА кариера

Шпанскиот 33-годишен кошаркар Рики Рубио, кој во август минатата година објави дека привремено ја прекинува кариерата поради психички проблеми, во четвртокот преку социјалната мрежа Х објави дека завршил со играњето во НБА лигата, каде помина цели 12 години.

До моментот на објавата Рубио беше играч под договор со Кливленд Кавалирс, а за време на неговата НБА кариера играше и за Минесота Тимбервулфс, Јута Џез и Феникс Санс. Во НБА лигата дојде од Барселона, каде играше две сезони и ја освои Евролигата во 2010 година, а претходно четири сезони помина во Ховентуд од Бадалона, со кого го освои Еврокупот во 2008 година. Минесота го избра во првиот круг од НБА драфтот во 2009 година како петти вкупно.

„Вечерта на 30. јули беше една од најтешките во мојот живот. Умот ми потона во темнина. Знаев дека одам во оваа насока, но никогаш не помислив дека не ја контролирам ситуацијата. Следниот ден решив да ја завршам професионалната кариера. Решив да ви ја испратам овваа порака денекса, бидејќи мојата краиера во НБА лигата е завршена“, објави Рубио.

To top