Кошарка

Рики Рубио официјално е кошаркар на Барселона

Рики Рубио официјално е кошаркар на Барселона

Екипата на Барселона на својата интернет страница официјално објави дека постигнала договор со Рики Рубио до крајот на сезоната.

За враќањето на светскиот и европски шампион кај Каталонците се зборува веќе извесно време, а тој тренираше со тимот во последните недели. Сега тој е пријавен во Лига Ендеса и Евролига, но од клубот известуваат дека самиот играч ќе одлучи кога ќе се врати на теренот.

Рубио имаше психички проблеми кои ја завршија неговата 13-годишна НБА кариера, но сега е во последната фаза од закрепнувањето.

To top