Кошарка

Репрезентативецот на Македонија Ти-Џеј Шортс во идеалната петорка од Еврокупот

Репрезентативецот на Македонија Ти-Џеј Шортс во идеалната петорка од Еврокупот

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс доби место во изборот на идеалната петорка на сезоната во Еврокупот.

Плејмејкерот игра одлична сезона во која е главен играч на Париз кој стигна до финалето, па изборот и не е големо изненадување.

Претходно Шортс беше прогласен за најкорисен играч во првото, десеттото и дванесеттото коло, но и во четвртфиналето и полуфиналето во разигрувањето за титулата.

Во актуелната сезона Шортс има просек од 23.4 индексни поени, а со 18 поени по натпревар е втор најдобар поентер, освен тоа има и уште 7.5 асистенции по натпревар.

Покрај Шортс во идеалната петорка се уште Тревон Вилијамс, Гејб Оласени, Ајзеа Мајк и Метју Морган.

To top