Кошарка

Познати паровите од четврфиналето на кошаркарскиот Куп

Познати паровите од четврфиналето на кошаркарскиот Куп

Предиспозициите на македонската кошарка велат дека осумте најдобропласирани екипи во првенството по првиот круг ќе играат во четвртфиналето на Купот.

Со комплетирањето на 11. коло од Првата македонска кошаркарска лига, познати се сите учесници на завршниот турнир на Купот, но и паровите.

Според пласманот се одредуваат паровите, така што првопласираниот оди на мегдан со осмиот, второпласираниот со седмиот, третите против шестите и четвртите на мегдан со петтите.

Така, бранителот на тронот МЗТ Скопје за ривал го доби Гостивар, Еуро Никел ќе игра со Феникс, пелистерци ќе се судрат со ТФТ додека Рабптнички оди на мегдан со Чаир.

  • Четвртфинални парови во Купот:

МЗТ Скопје (1) – Гостивар (8)
Еуро Никел (2) – Феникс 2010 (7)
Пелистер (3) – ТФТ Моцарт (6)
Работнички (4) – Чаир 2030 (5)

 

To top