Кошарка

Панатинаикос купува двајца кошаркари на Реал Мадрид

Панатинаикос купува двајца кошаркари на Реал Мадрид

Како што стојат работите, Еди Тавареш и Марио Хезоња од следната сезона наместо Кралскиот, ќе го носат зелениот дрес на Панатинаикос.

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Таварес се водад уште од минатото лето, но нема напредок бидејќи европскиот шампион не сака да му ја исполни желбата на кошаркарот и да му даде поголема плата од таа што сега ја добива, три милиони евра бруто.

Според весникот „Марка“, Панатинаикос на Таварес му нуди годишна плата од три милиони евра нето и за очекување е центарот да ја прифати понудата на грчкиот тим.

На крајот од сезоната, договорот му истекува и на Марио Хезоња кој не би имал ништо против да се врати во Панатинаикос, но порача дека во предност ќе биде Реал Мадрид, кој ако му понуди примамлива сума – тој ќе остане во Шпанија.

To top