Кошарка

НБА: Порази на Далас и ЛА Лејкерс

НБА: Порази на Далас и ЛА Лејкерс

НБА тимот на Далас на свој терен загуби од Њу Орлеанс со 118-108, во отсуство на Лука Дончиќ, неочекувана ѕвезда на мечот беше кошаркарот на гостите, Џордан Хокинс.

Лука Дончиќ поради повреда пропушти уште еден меч за Далас, а за разлика од претходниот, неговиот тим овојпат беше поразен.

Личен рекорд во НБА постави 21-годишниот Џордан Хокинс кој беше најефикасен на мечот со 34 поени. Во составот на Далас најдобари поединец беше Ирвинг со 33 поени.

Резултати:
Бостон – Хјустон 145-113
Атланта – Вашингтон 99-127
Мемфис – Њујорк 94-106
Милвоки – Голден стејт 129-118
Оклахома – Орландо 112-100
Далас – Њу Орлеанс 108-118
Сан Антонио – Чикаго 116-122
Јута – ЛА Лејкерс 132-125

Теми на денот

To top