Кошарка Спорт

Денвер со победа над Лејкерси ја започна одбраната на титулата

Денвер со победа над Лејкерси ја започна одбраната на титулата

Шампионот Денвер нагетс успешно ја започна одбраната на титулата во НБА-лигата, со 114:103 го совлада ЛА Лејкерс со првиот меч од првата рунда во плејофот.

Брилјираше Никола Јокиќ со 32 поени и 12 скока, имаше и седум асистенции, а интересно е што немаше ниту една загубена топка.

Добра партија прикажаа и Џамал Мареј со 22, Мајкл Портер јуниор со 19 и Арон Гордон и Кентавиус Колдвел-Поуп со по 12 поени.

Минесота Тимбервулфс одлично го започна плејофот и во серијата против Феникс поведе со 1-0 во победи откако ги декласира Сонцата со 120:95.

Импресивна партија одигра Ентони Едвардс со 33 поени кој имаше голема помош од Карл-Ентони Таунс со 19 поени и Руди Гобер со 14 поени и 16 скока.

На спротивната страна, Кевин Дурант даде 31, но потфрли Девин Букер кој даде само 18 поени.

Њујорк поведе со 1-0 во серијата против Филаделфија откако утринава славеше со 111:104, а навивачите на Сиксерси повеќе од поразот ги загрижи првата ѕвезда Џоел Ембид.

Џејлен Бронсон со 22 поени ја предводеше листата на стрелци кај Њујорк, додека во редовите на Филаделфија најдобри беа Тајрис Макси со 33 и Ембид со 29 поени.

 

To top