Кошарка верувале или не

Култниот НБА-тим чекори кон рекордот на порази

Култниот НБА-тим чекори кон рекордот на порази

НБА тимот на Детроит Пистонс игра под очекувањата и е закован е на дното каде има 25 порази по ред во НБА лигата.

Последен кој му зеде мерка на Детроит е тимот на Јута Џез, а по натпреварот имаше голем револт кај навивачите. На трибините можеше да се видат пароли „Продадете го тимот“, а исто така имаше и скандирања кон сопственикот Том Џорш.

Детроит Пистонс е на добар пат да го урне рекордот по број на мечеви со пораз. Рекордер во моментов е Филаделфија 76ерс, која загуби 28 натпревари во низа во две сезони, 2014/15 и 2015/16.

To top