Кошарка

Хорор повреда на Џоел Ембид

Хорор повреда на Џоел Ембид

Првата ѕвезда на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембид, заработи незгодна повреда во завршните минути на натпреварот против Голден Стејт Вориорс и најверојатно ќе отсуствува од кошаркарските терени подолго време.

Актуелниот МВП на НБА лигата ги пропушти последните два натпревари против Денвер и Портланд, па потоа се појави на мечот со Голден Стејт, но епилогот не му одеше баш во прилог.

Тоа го потврди и тренерот на тимот, Ник Нурс, кој не можеше да даде одговор на прашањето за колкава пауза станува збор.

„Џоел рече дека се чувствува добро и лекарскиот тим му даде дозвола за настап против Голден Стејт, но сега сме во деликатна ситуација и ќе мораме да ја чекаме магнетната резонанца. Не би сакал да шпекулирам, но ако коленото е во лоша состојба, зборуваме сигурно за минимум тринеделна пауза“, рече Нурс.

To top