Кошарка

Ц.Звезда со кошаркарска лекција за Партизан во Евролигата

Ц.Звезда со кошаркарска лекција за Партизан во Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда издвојуваа убедлива победа над Партизан од 88:72 во големото дерби во Евролигата.

„Црвено-белите“ го надиграа вечниот ривал и со два триумфи ја заокружуваат оваа двојна програма во најквалитетното натпреварување на стариот континент. Домаќинот уште во првите десет минути се стекна со двоцифрена предност (24:13), предност која продолжи да ја зголемува и во вториот период, па на пауза замина со резултат 50:29.

Партизан заигра на повисоко ниво во продолжението, ама тоа не се покажа како доволно за да се направи нешто повеќе, поточно само беше намалена само дел од негативата.

Шест играчи кај Звезда беа двоцифрени, лидер беше Недовиќ со 16 кошеви. Пантер за гостите беше автор на 17 поени.

To top