Кошарка

Балша Драговиќ нов кошаркар на Пелистер

Балша Драговиќ нов кошаркар на Пелистер

Македонскиот кошаркарски тим Пелистер, доведе уште едно засилување во пресрет на крајот на кошаркарскиот преоден рок.

Во Битола пристигна Бaлша Драговиќ, црногорски кошаркар кој ги покрива центарските позиции. Црногорецот во Пелистер доаѓа како резултат на заминувањата на Амар Хот и Џонил Фуџет.

Драговиќ, кој е висок 208 сантиметри, заедно со Планиниќ и Маслинко ќе го сочинуваат триото под кошевите во Пелистер.

Црногорецот во досегашниот дел од сезоната настапуваше за Шенчур и настапуваше во АБА2 лигата. Своето деби за „зелено-белиот“ дрес ќе го има против тимот на ТФТ Скопје.

To top