Фудбал

Тен Хаг: Планот добро функционираше,но……

Тен Хаг: Планот добро функционираше,но……

Тренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг смета дека добро стоеле на теренот, па дека дури и во некоја друга прилика би можеле и да слават во ваков натпревар.

-Имавме двајца играчи на теренот кои не беа 100 проценти[фит]. Џони Еванс и Маркус Рашфорд, но тие дадоа се како целиот тим и ние сме разочарани од резултатот. Апсолутно се бореа, заедништвото и настапот беше многу добар. Во друг ден можевме да го добиеме овој натпревар – мала разлика. Посебно Рашфорд имаше неколку добри прилики да постигне уште еден гол, а Алехандро Гарначо во моменти [имаше можности]. Мислам дека планот одеше добро, многу мали маргини, така што сите заслуги се за Манчестер Сити и колку конзистентно можат да играат, -рече Тен Хаг кој порача дека тие како екипа ќе целат кон петтото место кое може да им обезбеди ЛШ во следната сезона.

-Оваа година навистина напредуваме и мора да вратите неколку поени. Секој може да победи секого и работите можат брзо да се свртат. Бројот пет [петтата позиција во лигата] исто така може да биде позиција за Лигата на шампионите, па мораме да се бориме за тоа, -порача Холанѓанецот.

To top