Фудбал циркусот продолжува

Тен Хаг испрати уште еден фудбалер на Јунајтед на индивидуални тренинзи

Тен Хаг испрати уште еден фудбалер на Јунајтед на индивидуални тренинзи

Ерик тен Хаг ќе биде под императив да испорача подобри резултати во вториот дел од сезоната за да ја задржи својата позиција во Манчестер Јунајтед, а еден од играчите кои не му помагаат премногу е Антони Марсијал.

Покрај честите повреди, Французинот делуваше неубедливо на теренот кога добиваше шанса, а изминатиов период не тренираше поради вирусно заболување.

Менаџерот воопшто не бил задоволен од актуелната физичка подготвеност на Марсијал, па го испратил на индивидуални тренинзи се додека не е доволно фит за да конкурира за место во тимот.

Ова значи дека Французинот дополнително ќе паузира и нема да тренира и да се подготвува со соиграчите за дел од наредните натпревари, иако медиумите потенцираат дека нема конфликт меѓу двајцата

To top