Фудбал

Тен Хаг: Ако тоа е во интерес на Јунајтед

Тен Хаг: Ако тоа е во интерес на Јунајтед

Манчестер Јунајтед рутински го мина Виган (2-0) во ФА Купот иако не можеше да смета на доста голем број на играчи.

Токму поради ова менаџерот Ерик Тен Хаг не исклучи ниту една опција во овој зимски преоден рок, па дури и ангажман на играч/играчи преку позајмица.

-Сите опции се во игра. Кој е најдобриот интерес на играчите, а исто така и најдобриот интерес за нас, тимот, Манчестер Јунајтед, па ќе видиме како ќе напредуваме во текот на прозорецот, -рече Тен Хаг кој сепак се надева дека за пресметката со Тотенхем ќе се вратат дел од недостапните фудбалери.

-Мислам дека некои играчи ќе се вратат, се надевам ќе се вратат за викендов. Зборувам за Кристијан Ериксен, потенцијално Лук Шо. Можеби Хари [Мегваер]. На Мејсон [Маунт] му требаат уште неколку денови, -порача Холанѓанецот.

To top